Народната банка почнува со објавување квартални податоци за финансиските сметки, состојби

Bez autora
Nov 01 2023

Имајќи ја предвид потребата од обезбедување навремени и сеопфатни податоци за финансиските средства и обврски на секторите во националната економија, Народната банка од октомври 2023 година првпат ќе почне со објавување нови статистички податоци – квартални податоци за финансиските сметки, состојби.

Со тоа се збогатува сетот статистички податоци, односно аналитичката вредност на статистичките податоци што ги објавува Народната банка и им се овозможува на носителите на економските политики и на другите корисници да располагаат со пофреквентни податоци за финансиските сметки, кои како годишни податоци редовно се објавуваат почнувајќи од 2020 година, велат од Народната банка.

Податоците се прикажани во стандардизирани извештајни табели на неконсолидирана основа за секој институционален сектор на домашната економија, како и за секторот странство.

Во моментот е објавена временската серија за периодот од 2016 година наваму, а во иднина податоците ќе се објавуваат со редовна квартална динамика, четири месеци по истекот на кварталот на кој се однесуваат (во согласност со календарот за објавување податоци). Со подготовката на кварталните податоци се направи и ревизија на временската серија на годишните финансиски сметки од 2016 година до 2021 година, што произлезе од подобриот опфат, промената на изворите на податоци и новите и подобрени пресметки за одредени инструменти.

Објавувањето на овој нов сет податоци e продолжение на напорите на Народната банка за следење на меѓународните и европските статистички барања, но воедно претставува и исполнување на последниот показател во рамките на највисокиот статистичкиот стандард за дисеминација на податоците СДДС плус на Меѓународниот монетарен фонд, во надлежност на Народната банка. Овој показател, според преземената обврска за пристапување кон СДДС плус, треба да се подготви до завршувањето на транзицискиот период, во јануари 2024 година, се наведува во соопштението на НБ.

Податоците и методолошките објаснувања се достапни на следната врска.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik